петок, 10 април 2026

Си Џинпинг: Луѓето од двете страни на Тајванскиот теснец се Кинези

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави за време на средбата со лидерката на опозицијата на кинескиот регион Тајван, Ченг Ли Вон, дека луѓето од двете страни на Тајванскиот теснец се Кинези и дека иднината на меѓусебните односи е во рацете на кинескиот народ.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Ченг, претседателка на главната опозициска партија Куоминтанг (КМТ) во Тајван, престојува во Кина во, како што наведе „мировна“ мисија насочена кон намалување на тензиите во време кога Пекинг го засилува воениот притисок врз островот што го смета за своја територија, пренесува Ројтерс.

На состанокот во Големата народна сала, Си рече дека денешниот свет не е целосно во мир и дека мирот е драгоцен, нагласувајќи дека „сонародниците од двете страни на теснецот“ сакаат мир, развој, размена и соработка.

Додаде дека претставници на двете партии се сретнале за да го заштитат мирот и стабилноста и да го промовираат мирниот развој на односите преку морскиот теснец.

Тој истакна дека Кина е подготвена, на политичка основа на противење на независноста на регионот Тајван, да ја зајакне размената и дијалогот со различни политички партии, вклучувајќи ја и Куоминтанг.

Кина ги одби разговорите со претседателот на кинескиот регион Тајван, Лаи Чинг-те, кого го нарекува „сепаратист“.

Администрацијата во Тајпеј ја повика Ченг за време на посетата на Кина да побара Пекинг да ги прекине заканите и да започне дијалог.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ