понеделник, 15 декември 2025

Си Џинпинг ја предупреди Фон дер Лаен: „ЕУ мора да донесе правилни стратешки одлуки“

Кинескиот претседател Си Џинпинг ги предупреди денес високите претставници на Европската Унија да „донесат правилни стратешки одлуки“, објавија државните медиуми, за време на клучниот самит во Пекинг, кој треба да биде обележан со предизвикувачки прашања, од трговски конфликти до војната во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според Ројтерс, очекувањата за самитот, се кој се одбележуваат 50 години дипломатски односи, се ниски по повеќе неделни ескалации на тензиите и препирки околу неговиот формат, а кој по барање на Пекинг беше нагло скратен на само еден ден.

Теми како што се трговски дисбаланс, пристап до пазарот и ретките метали се на дневен ред додека Си и премиерот Ли Чијанг се среќаваат со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста.

„Колку е посериозна и посложена меѓународната ситуација, толку повеќе Кина и ЕУ мора да ја зајакнат комуникацијата, да ја зголемат меѓусебната доверба и да ја продлабочат соработката“, им рече Си на Фон дер Лаен и Коста, објави државната ЦЦТВ.

„Кинеските и европските лидери треба… да донесат правилни стратешки одлуки што ги исполнуваат очекувањата на народот“, додаде тој.

Во неделите пред самитот, преовладуваа меѓусебни трговски спорови и остра реторика од европските претставници.

Кратко пред самитот, Фон дер Лаен зазеде попомирувачки тон, велејќи во објава на социјалната мрежа Икс денес дека тоа е можност за „понатамошно подобрување и балансирање на нашите односи“.

„Убедена сум дека е можна меѓусебна корисна соработка“, додаде Фон дер Лаен.

Државната новинска агенција Ксинхуа исто така го намали соперништвото на Пекинг со блокот од 27 земји, велејќи дека Кина е „клучен партнер“ за Европа, со низа заеднички интереси.

„Кина е клучен партнер на Европа, а не системски ривал“, се наведува во коментарот.

Двете страни делат интереси во трговијата, климата и глобалното управување, истакнувајќи: „Овие области од заеднички интерес не треба да бидат засенети од изолирани спорни точки“.

ЕУ ја дефинира Кина како „партнер, конкурент и системски ривал“, што ја насочува нејзината стратешка политика кон Кина.

На самитот, се очекува европските лидери да отворат теми како што се електричните возила и прекумерниот индустриски капацитет на Кина.

Кина воведе контрола на извозот на ретки минерали во април, нарушувајќи ги синџирите на снабдување низ целиот свет и предизвикувајќи привремени прекини на европските автомобилски производствени линии за следниот месец.

Но, кинескиот извоз ретки земни магнети во ЕУ се зголеми за 245% во јуни во однос на мај, достигнувајќи 1.364 метрички тони, иако тоа е сепак 35% помалку од претходната година, покажаа царинските податоци.

Се очекува ЕУ да постигне трговски договор со Соединетите Американски Држави по интензивните преговори за широка царина од 15% за својот извоз, избегнувајќи построга стапка од 30% со која се закани претседателот Доналд Трамп, објави Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ