недела, 14 декември 2025

Си Џинпинг ја пофали стратешката важност на односите со Русија

Кинескиот претседател Си Џинпинг во понеделник ги оцени односите на Кина со Русија како „најстабилни“ и „стратешки најважните“ меѓу големите сили денес, објави државната телевизија ЦЦТВ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Си зборуваше во Пекинг за време на состанокот со претседателот на Думата, долниот дом на рускиот парламент, Вјачеслав Володин.

Тие се сретнаа само неколку дена пред неговиот колега Владимир Путин да ја посети Кина за самитот на Шангајската организација за соработка во Тјенџин од 31 август до 1 септември и големата воена парада за одбележување на победата над Јапонија во Втората светска војна во Пекинг на 3 септември.

Кинескиот претседател нагласи дека во еден турбулентен и променлив свет, односите меѓу Кина и Русија се „најстабилни, најзрели и стратешки најважните меѓу големите земји“, објави ЦЦТВ.

Билатералните врски претставуваат „стабилен извор на светски мир“, рече Си.

Според него, Кина и Русија треба да соработуваат на заштита на интересите на двете земји во областите на безбедноста и развојот, да го поддржуваат „вистинскиот мултилатерализам и да промовираат меѓународен поредок што се развива кон поголема праведност и правда“.

Путин редовно го претставува кинескиот претседател како „голем пријател на Русија“.

Кина никогаш не ја осудила руската офанзива врз Украина, а многу украински сојузници се сомневаат дека Пекинг ја поддржува Москва. Кина тврди дека е неутрална и ги обвинува западните земји за продолжување на непријателствата со вооружување на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ