Си ќе се сретне со лидерот на владејачката Комунистичка партија на Виетнам Нгујен Фу Чонг кој ги зајакна дипломатските односи на земјата со Вашингтон за време на посетата на американскиот претседател Џозеф Бајден во септември.
Посетата на Бајден беше дел од американската кампања во светот против растечката економска моќ на Кина, а со цел да се обезбеди снабдување со материјали потребни за американската високотехнолошка индустрија.
Ова е прва посета на кинескиот претседател на Виетнам по шест години.