Шведскиот министер за одбрана Петер Хултквист изјави денес дека неговата земја нема да се придружи на НАТО сè додека тој е министер за одбрана.
Хултквист за шведската државна телевизија СВТ кажа дека во ноември минатата година исто така изјавил дека Шведска нема да биде членка на НАТО сè додека тој е министер за одбрана.
„Го имам истото мислење и сега. Сега го кажувам истото, но без употреба на зборот „никогаш“. Ситуацијата во која се најдовме ме научи никогаш да не го користам зборот „никога““, кажа шведскиот министер.
Истакна дека Шведска не планира членство во НАТО поради безбедноста на околните региони.
„Членство на Шведска во НАТО би значело суштинска промена на безбедносниот концепт. Ова би влијаело на безбедноста на нашето блиско опкружување“, кажа Хултквист.






