среда, 1 април 2026

Шведска телевизија тврди дека руски авиони со нуклеарно оружје влегле во шведскиот воздушен простор

Објавено на

часот

Сподели

Инцидентот, според телевизијата, се случил на 2 март. Вкупно четири руски воени авиони летале во близина на шведскиот остров Готланд, кој Русија често го присвојуваат. Станувало збор за два четири „сухои“ – два 24 и два 27. Два од авионите, како што тврди телевизијата, имале нуклеарно оружје. Сите четири авиони полетале од руската енклава Калининград.

Воените власти одбиле да ги коментираат информациите за тоа дали авионите носеле нуклеарно оружје.

Шведската војска го осуди нарушувањето на воздушниот простор.

„Го оценуваме тоа како свесно дејствување. Тоа е многу сериозно, особено ако сте земја во војна“, кажа началникот на шведските воздухопловни сили Карл Јохан Едстром.

„Го анализиравме инцидентот и јасно е дека не можеме да го исклучиме како погрешна навигација, туку сè укажува дека станувало збор за намерен акт, дека ја преминале шведската граница“, додаде тој.

Нарушувањето на воздушниот простор траело околу минута. Шведската војска испратила „грипени“ да ги пресретнат натрапниците, кои ги фотографирале. Така, како што тврди ТВ4, било откриено дека имале нуклеарно оружје.

„Тоа е јасна стратегија на Русија и сигнал до Шведска дека имаат нуклеарно оружје и дека би можеле да размислат за негова употреба“, изјави шведскиот воен експерт Штефан Ринг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ