Нивната одлука за влез во НАТО е една од најзначајните промени во европската безбедносна структура.
„Ова е историски момент, кој мораме да го искористиме“, рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на кратката церемонија на која шведскиот и финскиот амбасадор во алијансата ги предадоа своите писма за апликација.
„Топло ги поздравувам барањата на Финска и Шведска за влез во НАТО. Вие сте нашите најблиски партнери, а вашето членство во НАТО ќе ја зголеми нашата заедничка безбедност“, рече Столтенберг.






