И покрај цврстата соработка со воениот пакт откако Русија го анектираше Крим, нордиските земји решија тогаш да останат неутрални, но неодамнешниот руски напад на Украина во двете земји предизвика остар пресврт во ставот на земјите кон западниот воен пакт.
Финска и Шведска планираат да организираат средба на политичките врвови на 16 мај и потоа јавно да ги најават своите планови да се придружат на НАТО, пишува Илталехти.
Финскиот министер за надвпрешни работи Пека Хаависто одбил да коментира, но го повторил својот долгогодишен став дека би сакал Финска и Шведска да донесат слични одлуки.
Финската премиерка Сана Марин кажа пред две недели, додека беше во посета на шведската колешка Магдалена Андерсон, дека очекува Финска да донесе одлука во рок од неколку недели. Шведското министерство за надворешни работи не било достапно за коментар.
Стокхолм спроведува ревизија на безбедносната политика, која вклучува поглед на можно членство во НАТО, а резултатите се очекуваат до средината на мај. Шведските владејачки социјалдемократи исто така го разгледуваат својот долгогодишен приговор на членството во НАТО. Тоа се очекува најдоцна до 24 мај.






