недела, 1 февруари 2026

Швајцарија ги укинува речиси сите мерки

Објавено на

часот

Сподели

Од утре повторно е возможен влез во продавници, ресторани, на културни манифестации, институции отворени за јавноста и собири без маски и ковид-потврди, се вели во соопштението на Сојузниот совет (владата). Се укинува и задолжителното носење маска – освен во јавниот превоз и во здравствените установи – и препораките за работа од дома.

Се укинуваат и задолжителното презентирање на ковид-потврди на поголеми собири, рестрикциите за приватни собири и рестрикциите на капацитетот во малопродажните продавници и на жичарниците.

Според сојузните власти, епидемиолошката состојба во Швајцарија продолжува да се развива во позитивна насока и „благодарение на зголемениот имунитет на населението, малку е веројатно дека ќе има преоптоварување на здравствениот систем и покрај понатамошната значителна циркулација на вирусот“.

„Сојузниот совет затоа смета дека се исполнети условите за брзо нормализирање на општествениот и економскиот живот“, посочуваат оттаму. Таа алпска земја со 8,6 милиони жители пријавила скоро 12.530 смртни случаи од ковид од почетокот на пандемијата, што е повеќе од 144 смртни случаи на 100.000 жители. Речиси 69 отсто од населението е целосно вакцинирано.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ