понеделник, 15 декември 2025

Швајцарија потресена од царините на Трамп

Швајцарскиот пазар на акции доживеа остар пад, а федералната влада свика итен состанок откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе висока царина од 39 проценти на швајцарскиот увоз.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во центарот на критиките од јавноста е претседателката Карин Келер-Сатер, која е обвинета за лошо справување со клучниот телефонски разговор со Белата куќа што доведе до драстичната одлука на администрацијата во Вашингтон, пишува Гардијан.

Швајцарија, дом на некои од најпрестижните луксузни брендови во светот, остана запрепастена откако Трамп воведе една од највисоките царински стапки во рамки на својата глобална трговска војна.

Швајцарските медиуми објавија дека по три месеци преговори, преговарачите верувале дека обезбедиле поволна царина од 10 проценти на извозот во САД, клучен пазар за производи како што се луксузни часовници, чоколадо и фармацевтски производи.

Сепак, сè се промени по 30-минутниот телефонски разговор на претседателката Келер со Трамп во четвртокот вечерта. Разговорот се водеше во „лошо расположение“, „катастрофално“ и со „погрешна проценка“, што резултираше со тоа Трамп да воведе царини дури и повисоки од 31 процент што претходно ги најави.

Индустриските здруженија веднаш предупредија дека десетици илјади работни места сега се во опасност. Последиците веднаш се почувствуваа на берзата, каде што водечкиот швајцарски берзански индекс падна за 1,8 проценти. Официјален Берн ги отфрла тврдењата дека контроверзниот повик на претседателката е единствено виновен за царината од 39 проценти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ