Бункерите, кои некогаш ги штителе стратешките точки за време на Втората светска војна и Студената војна, долго време биле запоставени, а многу од нив биле продадени на цивили и претворени во подруми за сирење, галерии, хотели или складишта на податоци, пренесува Еуроњуз.
Поради зголемените безбедносни предизвици од војната во Украина, војската ја прекина продажбата на бункери и планира да ги претвори во модерни одбранбени центри со минимални трошоци и персонал.
Покрај зајакнувањето на националната одбрана, некои кантони адаптираа цивилни засолништа за привремено сместување на бегалци.
Швајцарското друштво за технологија и вооружени сили ќе организира „ден на иновации“ во септември за да собере идеи од различни сектори.
„Бараме идеи од сите сектори, не само од одбраната“, нагласи компанијата.






