недела, 15 март 2026

Што се случува со рускиот гас во Европа? Големиот гасовод работи во обратна насока

Објавено на

часот

Сподели

Протокот на гас низ станиците кои ја мерат доставата од Русија во понеделникот изнесувал 50,7 милиони кубни метри наспроти 47,7 милиони кубици ден претходно, се наведува на интернет страницата на операторот на украинскиот гасен транспортен систем.

Податоците за транзитот на тие точки за вторникот покажувале можно мало зголемување за 100 илјади кубни метри – до 50,8 милиони, а за денес е резервиран капацитет од 61 милион кубици.

Транзитот на гас од Русија низ Украина нагло падна во јануари, во просек на половина од договорените 109 милиони кубни метри дневно. Од крајот на јануари рускиот гасен џин Газпром ги зголеми испораките, но потоа повторно постепено ги намалуваше, а потоа повторно ги спушти на јануарското ниво.

Русија и понатаму не ги резервира капацитетите на гасоводот Јамал-Европа, еден од главните правци за испорака на гас во Европа. Тој гасовод во моментов работи во „контра режим“ – физичкиот тек на плинот оди од Германија кон Полска, а не по обратниот, главен тек.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ