недела, 29 март 2026

Што се руските „стратегиски сили за одвраќање“, на кои Путин им нареди „специјална нуклеарна готовност“?

Објавено на

часот

Сподели

Тоа е (оружје) дизајнирано да ја одврати агресијата против Руската Федерација, како и да победи агресор (нанесувајќи пораз), вклучително и во војна со користење нуклеарно оружје.

Стратегиските сили за одвраќање содржат стратегиски офанзивни сили и стратегиски одбранбени сили.

Основата на Стратегиските офанзивни сили, кои ги вклучуваат Стратегиските ракетни сили, го сочинува јадрото на Стратегиските нуклеарни сили, и тие се опремени со ракетни и авијациски системи со интерконтинентален дострел и прецизно оружје со долг дострел, вели Медуза.

Стратегиските офанзивни сили, исто така, вклучуваат стратегиски ненуклеарни сили како сили со двојна намена – формации и единици на стратегиски и бомбардери со долг дострел на руските воздухопловни сили, како и подморници, површински бродови и поморски авиони што носат ракети вооружени со конвенционални оружја со долг дострел и со висока прецизност.

Основата на Стратегиските одбранбени сили се борбено подготвените сили и средствата на Воздухопловните одбранбени сили, вклучувајќи го (рускиот) систем за предупредување за ракетен напад, системот за вселенска контрола, противракетна одбрана, противвселенска одбрана и воздушна одбрана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ