Репортери на Блиц ги прашале граѓаните во Србија дали им се допаѓа хрватската евро монета и што мислат за тоа.
Ова се некои од коментарите:
„Ужасно, ужасно, тоа не е нормално. Можеби ќе го стават и нашиот свет Сава“.
„Убаво изгледа, зошто би ми пречело, па и тие самите знаат дека се Срби“.
„Јас мислам дека треба да остане наше, бидејќи Никола Тесла е наш“.
„Ако Илон Маск има фирма Тесла, тогаш можат и Хрватите да го стават Тесла“.
„Не можеме ние никого да спречиме, такви се Хрватите“.
„Тоа е удар за Србија бидејќи Никола Тесла е наш бренд. Словенците ни ги земаа ајварот и ракијата па не е чудо ни ова“.






