четврток, 11 декември 2025

„Што ќе ни дадат следно, перници?“: Кличко ја исмеа Германија за бизарната воена помош (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко истакна дека Германија го оставила „без зборови“ поради одбивањето да издвои значителна воена помош и да се откаже од поддршката на гасоводот Северен тек 2, додека руските трупи продолжуваат да се групираат на границата на Украина.

„Однесувањето на германската влада ме остава без текст. Министерството за одбрана очигледно не сфатило дека сме соочени со совршено опремените руски сили кои во секој момент можат да започнат нова инвазија на Украина. Каква следна поддршка ќе испрати Германија? Перници?“, праша Кличко.

Германскиот канцелар Олаф Шолц кажа дека Германија ја поддржува Украина и дека се сложува со другите земји од НАТО во поглед на осудата на перцепираната руска агресија.

Меѓутоа, не испрати воена поддршка, а се претпоставува дека причина за тоа е германската зависност од рускиот гас.

Претходно неделава, Кличко ја обвини Германија дека ја „издала“ неговата земја поради „неуспехот да испрати помош“.

„Во Украина постои големо разочарување за тоа што сојузната влада се држи до Северен тек 2 и што не сака да испорачува оружје за одбраната“, кажа градоначалникот на Киев.

Во меѓувреме, Германија кажа дека ќе застане со другите земји од НАТО во осудата на секаква руска инвазија, а канцеларот Шолц вчера изјави дека цената која Русија би ја платила во случај на преминување на границата би била „висока“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ