Според британскиот Скај њуз, врз основа на допис до кој имал увид, во документ испратен до парламентарниот персонал се наведува дека кинеската Служба за државна безбедност (МСС) активно се обидува да воспостави контакти со членови на британската парламентарна заедница, со цел да собира информации и да гради долгорочни односи преку професионални мрежи, агенти за регрутирање и консултантски фирми што дејствуваат во нивно име.
Вработените во Вестминстер се посебно предупредени за две лица кои ја користат социјалната мрежа Линкдин за да се обидат „да допрат до што е можно поширока група во име на МСС“.
МИ5 истакнува дека слични профили можат да дејствуваат како покритие за шпионажа и дека оваа активност е „насочена и широко распространета“.






