понеделник, 8 декември 2025

Шпанија размислува за пресврт: ковид-19 да го третира како грип

Објавено на

часот

Сподели

Причината зошто Шпанците размислуваат да го променат својот пристап е драстичниот пад на стапката на смртност по инфекција со вирусот САРС-КоВ-2. Предлогот на шпанскиот премиер е да се напушти системот на детално следење на новозаболените и нивните контакти и да се применува мониторинг како во случајот со грипот.

Во Шпанија, како и во голем број други западноевропски земји, веќе подолго време се бележат значително помал број смртни случаи во споредба со бројот на заразените, па логично е да се промени пристапот кон пандемијата.

„Верувам дека ги имаме условите за внимателно бавно отворање на дебатата на техничко ниво и на ниво на здравствени професионалци и на европско ниво за процена на еволуцијата на болеста преку неколку параметри“, изјави Санчез за радиото Кадена СЕР.

Шпанскиот премиер потврди и дека нивниот здравствен систем веќе подготвил предлог за нов систем за следење во кој повеќе нема да биде потребно да се евидентира секоја нова инфекција и дека луѓето со симптоми нема нужно да се тестираат. Со други зборови, Шпанците подготвуваат премин од универзален надзор на епидемијата, кон ограничен надзор, како што изгледа кога е во прашање ширењето на грипот. Шпанскиот здравствен систем веќе го намали периодот на неопходна изолација и се откажаа од изолирање цели класови во училиштата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ