вторник, 31 март 2026

Шолц: Војната во Украина е опасност за германската економија

Објавено на

часот

Сподели

„Мораме да разбереме дека војната во Украина носи и предизвици за нас во поглед на економските последици на санкциите“, кажа Шолц денес во Берлин.

Некои земји изразуваат загриженост за безбедноста на храната поради недостигот на испораки од Русија и Украина, кажа Шолц.

„Мораме да се погрижиме нашата економија добро да помине низ овие тешки времиња“, додаде тој.

Германија е најголемата економија во Европа.

Шолц и кралот на Јордан Абдула Втори ја осудија војната во Украина и го повикаа рускиот претседател Владимир Путин „веднаш да ги прекине сите борбени операции и да ги повлече своите трупи“.

„Рецесијата станува сè поверојатна. Војната во Украина и санкциите на Русија значително ги намалуваат економските изгледи на Германија“, се наведува во соопштението на институтот за економски истражувања ЗЕВ.

Институтот го означи „најголемиот пад на економските очекувања кога било“ за Германија.

ЗЕВ почна да го следи економскиот развој на Германија во декември 1991 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ