петок, 3 април 2026

Шолц: Украина нема да прифати руска диктатура

Објавено на

часот

Сподели

„Украина тоа не би го прифатила, а не би го прифатиле ни ние“, кажа Шолц во говорот емитуван на германската државна телевизија.

Тој кажа дека е уверен дека рускиот претседател Владимир Путин нема да ја победи таа војна, која ја почна на 24 февруари.

„Украина ќе победи. Слободата и безбедноста ќе победат, како што слободата и безбедноста триумфираа над потчинетоста, насилството и диктатурата пред 77 години“, кажа тој.

Тој потсети дека Русите и Украинците некогаш се бореа заедно и поднесоа големи жртви за да ја поразат нацистичка Германија.

Но сега, како што кажа, рускиот претседател Владимир Путин „сака да ја потчини Украина, уништувајќи ги нејзината култура и идентитет и дури ја изедначува својата варварска војна со агресија со борбата против националсоцијализмот“.

„Тоа е фалсификување на историјата и е злонамерно. Наша должност е тоа јасно да го кажеме“, кажа германскиот канцелар.

Тој зборуваше и за четирите јасни принципи до кои германската надворешна политика треба да се придржува околу војната.

Како прво наведе дека нема еднострани германски акции, второ дека што и да прави Германија мора да води сметка да ја задржи сопствената одбранбена способност, трето дека нема да прави ништо што ќе ѝ наштети на неа или на нејзините партнери повеќе отколку на Русија и четврто дека нема да донесе ниедна одлука со која НАТО би станало страна во војната.

„Стравот не смее да нè парализира. Ние ѝ помагаме на Украина во борбата против агресорот. Да не го правиме тоа, би значело поддршка на агресорот и капитулација пред голото насилство“, кажа Шолц.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ