Тој нагласи дека против Русија е започната моќна и сеопфатна антируска кампања, која вклучува политички, економски и културни напади.
„Денес, Русија и целото наше општество е под агресивен надворешен притисок. Против нас е насочена моќна антируска пропаганда. Нападите врз нашата историја, култура и духовни вредности продолжуваат со ненамалено темпо, како и обидите да се уништи хармонијата и братството на народите на нашата земја и земјите од ЗНД“, рече Шојгу во интервју за порталот аиф.ру, објавија руските медиуми.
Според него, „непријателите на Русија“ погрешно веруваат дека мултинационалниот карактер на земјата е нејзина слабост и постојано се обидуваат да предизвикаат поделби во руското општество.
Шојгу рече дека ваквите обиди ќе останат неуспешни бидејќи, како што истакна, единството на народот и зачувувањето на духовните и културните вредности се темелите на руската државност.






