сабота, 27 декември 2025

Шојгу му се закани на НАТО

Објавено на

часот

Сподели

„Секој транспорт на оружје и опрема на НАТО што ќе пристигне на територијата на Украина ќе го сметаме за цел што треба да се уништи“, рече Шојгу, пренесоа руските државни медиуми.

Тој го обвини НАТО и сојузниците дека продолжуваат да ја „пумпаат“ Украина со оружје.

Руската војска го контролира Мариупол, изјави Шојгу.

Тој додаде дека украинските војници забарикадирани во фабриката за челик Азовстал во Мариупол се држат во безбедносна блокада, откако претседателот Владимир Путин наредил таму да бидат херметички затворени.

Шојгу рече дека се воспоставува мирен живот на териториите на самопрогласените Народна Република Доњецк и Народна Република Луганск (ЛНР/ДНР) и Украина, кои се под контрола на руските сили.

Тој посочи дека руските сили заедно со единиците на самопрогласените ЛНР и ДНР ја прошируваат контролата врз тие територии.

Во исто време, министерството за одбрана објави дека руски подморници во Црното Море истрелале две крстаречки ракети калибар кон цели во Украина. Минатиот месец Русија за прв пат објави дека користи подморници за напади на украинските сили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ