Шесте бродови минаа низ турските теснеци вчера и денес, соопштија турски извори. Западот ја обвинува Русија дека распоред над 100.000 војници на своја територија, во близина на границата со Украина. Москва отфрла дека планира инвазија, но бара гаранции од Западот дека НАТО нема да се шири повеќе на исток, особено во Украина.
Турција по закон би ги затворила своите теснеци за транзит доколку Русија евентуално ја нападне Украина.
„Турција смее да ги затвори премините за сите странски воени бродови во војна или ако ѝ се заканува агресија. Смее да одбие е транзит на трговските бродови на земјите кои се во војна со Турција“, кажа Јорук Ишик, геополитички аналитичар во Истанбул.
[video:https://youtu.be/KidqeWyogJE autoplay:0]





