понеделник, 13 април 2026

Шест глави пронајдени покрај пат во Мексико (ВИДЕО)

Шест отсечени глави се пронајдени покрај пат во централно Мексико, во област која вообичаено не се поврзува со насилство меѓу картелите.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Локалните власти ги открија вчера наутро покрај пат кој главно ги поврзува државите Пуебла и Тласкала. Полицијата сè уште не даде мотив за убиствата, ниту пак кажа која криминална група стои зад злосторствата.

Според локалните медиуми, на местото на настанот било оставено ќебе со порака до соперничките банди, наводно потпишано од групата наречена „Ла Баредора“ (Чистатачот). Ова е име на мала, малку позната криминална група која работи во западната држава Гереро, но сè уште не е јасно дали тие стојат зад нападите.

Локалните обвинители потврдија дека главите пронајдени во Тласкала им припаѓале на мажи и отворија истрага, пренесува АФП.

Покрај трговијата со дрога, регионот е погоден и од шверц на гориво, од кој групите вклучени во оваа нелегална активност заработуваат милијарди долари годишно.

Федералните власти сè уште не коментирале за убиствата. Откритието доаѓа во време кога администрацијата на претседателката Клаудија Шајнбаум спроведува голема акција против трговијата со фентанил.

Пуебла и Тласкала вообичаено не се склони кон екстремно насилство од страна на картелите.

Насилството меѓу картелите ескалираше во последниве години. Од 2006 година, кога владата првпат ја распореди војската за борба против бандите, убиени се стотици илјади луѓе, а десетици илјади се водат како исчезнати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ