понеделник, 30 март 2026

Шел нема да купува руски гас и нафта, ги затвора пумпите во Русија

Објавено на

часот

Сподели

Исто така ќе ги затвори своите бензински пумпи, ќе го прекине работењето со авионско гориво и сите други операции во Русија поради меѓународниот притисок на компаниите да ги прекинат сите врски поради рускиот напад на Украина.

Шел најави во соопштение дека „постепено ќе се повлече“ од сите руски бизниси со јаглеводороди, вклучувајќи ги сировата нафта, нафтените деривати, природниот гас и течниот природен гас.

Одлуката е донесена во момент кога растечките цени на нафтата ги уриваат рекордите на светските пазари и само неколку дека откако украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба го критикуваше Шел наведувајќи дека дознал дека компанијата „дискретно“ купува нафта од Русите, обвинувајќи ја за продолжување на соработката со властите на рускиот претседател Владимир Путин.

Кулеба на Твитер напиша: „Едно прашање за Шел: Зарем руската нафта не ви мириса на украинска крв?“

„Многу сме свесни дека нашата минатонеделна одлука да купиме руска сирова нафта која ќе се преработува во бензин и дизел – иако е водена пред сè од нашето размислување да се обезбеди сигурно снабдување – не беше исправна и жал ни е поради тоа“, изјави главниот извршен директор на Шел Бен ван Берден.

Според него, профитот од ограничените преостанати количества руска нафта кои компанијата ќе ги преработи ќе бидат насочени кон посебен наменски фонд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ