„Ако светски лидери и претпријатија се сериозни околу завршување на руските воени злосторства, прво мораат на (рускиот претседател Владимир) Путин да му се одземат приходите од нафтата. Доста беа изговори и полумерки додека Украинците се бомбардирани, убивани, мачени и силувани. Руската нафта е полна со украинска крв. Престанете да ја купувате“, порача Кулеба.
Додаде дека на Европската Унија ѝ е потребно вистинско ембарго на руската нафта.






