недела, 15 март 2026

Шефот на Украина одржа драматичен говор: „Не се плашиме од никого“

Објавено на

часот

Сподели

Зеленски ѝ се обрати на нацијата по одлуката на Русија официјално да ја признае независноста на двата одметнати проруски ориентирани региони во источна Украина и таму да ја испрати својата војска, што дополнително ја забрза кризата за која Западот стравува дека може да предизвика поголема војна.

По претседавањето со состанокот на Советот за безбедност, Зеленски ја обвини Русија за кршење на суверенитетот на територијата на Украина, тврдејќи дека тоа може да значи дека Москва се откажува од мировните преговори и Договорот од Минск насочени кон ставање крај на сепаратистичкиот конфликт во источна Украина.

Украина сака да ја реши кризата со помош на дипломатија, рече Зеленски, но е подготвена и за долготрајна борба.

„Ние сме посветени на мирниот и дипломатски пат, ќе го следиме него и само него“, рече Зеленски. „Но, ние сме на своја земја, не се плашиме од ништо и од никого, никому ништо не должиме и никому ништо нема да му дадеме“, додаде тој.

Тој повика на итен самит на лидерите на Украина, Русија, Германија и Франција и во исто време ги повика сојузниците на Украина да преземат акција против Русија.

Потезите на Русија ги осудија Соединетите Американски Држави и Европа и најавија нови санкции, иако не беше веднаш јасно дали руската воена акција ќе се смета од Западот како почеток на инвазија во полн размер. Областа претходно беше под контрола на сепаратисти поддржани од Русија.

Администрацијата на претседателот Зеленски изрази фрустрација поради неподготвеноста на Западот да воведе превентивни санкции откако Русија собра повеќе од 100.000 војници во близина на границите на Украина во последните неколку недели.

„Очекуваме јасни и ефективни чекори на поддршка од нашите партнери“, рече Зеленски. „Многу е важно да видиме кој е наш вистински пријател и партнер, а кој и понатаму ќе продолжи да ја плаши Русија со зборови“, предупреди тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ