петок, 30 јануари 2026

Шефот на ОН: Крајно време е Обединетите нации за прв пат да бидат предводени од жена

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш чиј мандат завршува на крајот од годината, уште еднаш ја изрази својата јасна поддршка за идејата жена да го наследи на чело на Обединетите нации.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Мислам дека е крајно време жена да ги води Обединетите нации“, рече Гутереш во четврток на традиционалната новогодишна прес-конференција во Њујорк, додавајќи дека нема сомнежи во тоа.

Португалскиот дипломат ги води ОН од 2017 година, а неговиот втор и последен мандат завршува на крајот на 2026 година, до кога мора да се избере неговиот наследник. Во историјата на Обединетите нации, оваа позиција никогаш не ја држела жена.

„Време е да видиме жени на лидерските позиции, без разлика дали во Обединетите нации или во најмоќните земји во светот“, рече Гутереш.

Генералниот секретар го назначува Генералното собрание на ОН по препорака на Советот за безбедност.

Претседателката на Генералното собрание, поранешната германска министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, исто така се залага жена да го наследи Гутереш и ги повика земјите-членки да номинираат кандидати до почетокот на април.

Досега пристигна само една официјална кандидатура – Аргентина го номинираше Рафаел Гроси, 64-годишниот шеф на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ