„Сè укажува на тоа дека Русија продолжува да планира напад од широки размери во Украина“, изјави Столтенберг по средбата на Советот НАТО-Украина. Додаде дека НАТО продолжува да ја повикува Русија да се откаже од своите планови за напад.
„Никогаш не е предоцна за откажување од напад“, кажа шефот на НАТО, додавајќи дека ова е најопасниот момент за европската безбедност во нашата доба. Кажа и дека Русија најави повлекување на своите сили од украинските граници, но го прави спротивното и продолжува да ги јакне. Ја обвини Москва и дека продолжува со провокациите во Донбас барајќи изговор за војна.
Столтенберг истакна дека НАТО ќе продолжи да ѝ пружа политичка поддршка на Украина, дека ќе направи сè за да ги заштити сојузниците од агресија и дека воениот пакт има стотина авиони во висок степен на готовност.
[video:https://youtu.be/wepoNJ4TUZw autoplay:0]





