„Слушнавме минатите денови апсурдни тврдења за лаборатории за хемиско и биолошко оружје“, кажа Столтенберг за германскиот весник Велт ам зонтаг, обвинувајќи го Кремљ дека измислува лаги за да го оправда тоа што не може да се оправда.
„Во последните денови слушнавме апсурдни тврдења. Сега кога тие лажни тврдења се изнесени, мораме да бидеме внимателни бидејќи е можно Русија самата да планира операции со хемиско оружје под маската на овие измислени лаги. Тоа би било воено злосторство“, кажа Столтенберг.
„Иако Украинците храбро се спротивставија на руската инвазија, следните денови ќе бидат уште потешки“, кажа шефот на воениот пакт.






