среда, 1 април 2026

Шефот на НАТО: Ова е опасност за сите нас, почнува клучна фаза од војната (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Она што сега го гледаме е бруталност од размери што не сме ги виделе во Европа од Втората светска војна“, рече тој. „И ова е исклучително сериозно. Страшно е и, се разбира, предизвикува страдање на украинскиот народ“, рече тој.

„Но, тоа е исто така опасно за сите нас. Ја гледаме и природата на војната на претседателот Путин, неговото непочитување и на владеењето на правото, меѓународните правила, како и непочитување на основните човекови права“, додаде тој.

Тој рече дека Москва не се откажува од својата офанзива врз Украина, но ќе се обиде повторно да се фокусира на целосно окупирање на регионот Донбас во наредните недели.

„Сега гледаме значително поместување на (руските) трупи од Киев со цел да се прегрупираат, повторно да се вооружат, да се снабдат и да го префрлат фокусот на исток“, рече тој.

„Во следните недели очекуваме натамошни руски дејствија во источна и јужна Украина за да се обидат да го окупираат целиот Донбас и да создадат копнен мост до окупираниот Крим“.

„Значи, ова е клучна фаза од војната“, предупреди Столтенберг.

Тој ја прозва Кина дека „не сака да ја осуди руската агресија“, обвинувајќи ја дека „се приклучува на Москва во преиспитувањето на правото на народот да го избере сопствениот пат“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ