петок, 19 декември 2025

Шефот на НАТО му се потсмева на Кремљ: Мечката не мора да каже дека е мечка

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте се потсмеваше на вчерашните пораки од Москва, откако Кремљ одговори на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Русија е „тигар од хартија“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Цел ден го слушавме Кремљ како вели: „Не, ние не сме тигар од хартија. Ние сме мечка“. Па, знаете, ако сте мечка, не мора да нагласувате дека сте мечка бидејќи сите ќе го забележат тоа во секој случај. Тоа покажува голема слабост од руска страна. Јасно е дека претседателот Трамп погоди нерв“, изјави Руте за Фокс њуз.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков претходно реагираше на зборовите на Трамп велејќи дека Русија е мечка, а не тигар, додавајќи: „Не постои такво нешто како мечка од хартија“.

Тој исто така го коментираше тврдењето на Трамп дека Украина може да ја врати целата окупирана територија под своја контрола, велејќи дека „руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина“ и дека „динамиката на војната е очигледна“.

Зборувајќи за можноста за средба меѓу Владимир Путин и Володимир Зеленски, Песков тврдеше дека „средба меѓу двајцата без соодветна подготовка би била ПР претстава однапред осудена на неуспех“.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека земјите-членки на НАТО треба да ги соборуваат руските авиони што го нарушуваат нивниот воздушен простор. Тој исто така рече дека верува оти Украина, со поддршка на Европската Унија и НАТО, може да ја врати целата територија што Русија ја зазеде од почетокот на инвазијата, иако претходно изјави дека и Киев и Москва ќе мора да се откажат од дел од територијата за да се стави крај на војната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ