вторник, 30 декември 2025

Шефот на НАТО: Финска и Шведска би можеле наскоро да ни се придружат

Објавено на

часот

Сподели

„Доколку решат да аплицираат, Финска и Шведска ќе добијат топло добредојде и очекувам процесот да се одвива брзо“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел, додавајќи дека планира да разговара со финскиот претседател подоцна во четврток.

Тој рече дека е сигурен дека може да се пронајдат решенија за периодот на транзиција помеѓу поднесувањето на апликацијата од двете скандинавски земји и официјалната ратификација во парламентите на сите 30 членки на НАТО.

„Убеден сум дека постојат начини да се премости овој преоден период на начин што е доволно добар и што им одговара на Финска и Шведска“, рече Столтенберг.

Русија, со која Финска дели граница од 1.300 километри, соопшти дека ќе распореди нуклеарно оружје и хиперсонични проектили во својата балтичка енклава Калининград доколку Финска и Шведска одлучат да се приклучат на НАТО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ