Во вчерашното интервју Бурла кажа дека се надева дека актуелниот бран на омикрон ќе биде последен, но веднаш додаде дека најверојатното сценарио е она во кое вирусот со години ќе циркулира меѓу светската популација.
„Најверојатното сценарио, иако не можам да гарантирам дека ќе биде баш така, е она во кое вирусот ќе биде меѓу нас уште многу, многу години. Тоа е вирус кој се шири низ светот, така што е многу тешко целосно да се елиминира. Против тој вирус ни природниот имунитет ни имунитетот од вакцините не пружаат особено долготрајна заштита, што значи дека некој кој е заразен може повторно да се зарази следната година, со истата или некоја друга варијанта“, кажа Бурла.
„Тоа воедно е и вирус кој создава многу варијанти. Но она што е важно за светот не е тоа дека вирусот ќе продолжи да циркулира по светот со години, како што тоа го прават стотици други вируси, туку дека можеме да се вратиме на нормалниот живот под услов да почитуваме одредени работи“, додаде тој.
Pfizer’s chief executive says #COVID19 will ‘circulate among us for many, many years’, but adds that the virus should not prevent people ‘returning to their normal lives’.
Get live updates: https://t.co/cQoECIUlgv pic.twitter.com/aA3g2sqZZY
— Sky News (@SkyNews) January 18, 2022
Но оптимистично додаде, повикувајќи се на ефикасноста на вакцините и лековите за ковид, дека верува дека бранот на омикрон е „последниот со толку рестрикции“. Бурла кажа дека вакцината против омикрон ќе биде спремна во март и дека компанијата работи на производство на дози од таа вакцина. „Ќе имаме ефикасна вакцина во рок од три месеци од детекцијата на омикрон, што е многу краток период“, додаде претседателот на управата на Фајзер.
Повтори дека, што се однесува до пошироката популација, не може да препорача четврта доза вакцина бидејќи сè уште нема доволно докази за ефикасноста на четвртата доза. Наместо тоа, кажа дека треба да се промовира бустерот, односно третата доза како многу важна за целосна заштита од потешки последици на зараза со коронавирусот.






