вторник, 10 март 2026

Шефот на Европскиот совет: Русија е единствениот победник во војната на Блискиот Исток

Единствениот досегашен победник во војната на Блискиот Исток е Русија, бидејќи конфликтот ги зголемува цените на енергентите и го одвлекува вниманието од нејзината агресија во Украина, изјави денес претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Досега има само еден победник во оваа војна – Русија“, рече Коста во говорот пред амбасадорите на ЕУ во Брисел.

„Русија добива нови средства за финансирање на својата војна во Украина, бидејќи цените на енергентите растат. Таа исто така има корист од пренасочувањето на воените капацитети што инаку би можеле да се испратат за да ѝ помогнат на Украина. Конечно таа исто така има корист од намаленото внимание на украинското бојно поле, додека конфликтот на Блискиот Исток е во центарот на вниманието.“

Коста нагласи дека Европската Унија мора да го заштити меѓународниот поредок базиран на правила, за кој рече дека сега е предизвикан од САД. Тој ги повика сите страни на Блискиот Исток да се вратат на преговарачката маса.

„Слободата и човековите права не можат да се постигнат со бомби. Тие се поддржани само од меѓународното право“, рече тој. „Мора да избегнеме понатамошна ескалација. Ваквиот развој на настаните се закана за Блискиот Исток, Европа и пошироко.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ