среда, 1 април 2026

Шефот на Европскиот совет: ЕУ порано или подоцна треба да воведе санкции за нафтата и гасот (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Ги заоструваме санкциите за да одржиме максимален притисок врз Кремљ. Мислам дека порано или подоцна ќе бидат потребни мерки за нафтата, па и за гасот“, рече Мишел во расправата на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур.

Европската комисија вчера предложи петти пакет санкции против Русија, кој вклучува забрана за увоз на јаглен, забрана за сите трансакции за четирите клучни руски банки, забранет пристап до европските пристаништа за руските бродови и најави дека работи на дополнителни санкции кои би вклучувале забрана за увоз на нафта.

Претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен во својот говор потврди дека петтиот пакет санкции сигурно нема да биде последен во кој ЕУ ќе продолжи да ги заострува мерките против Русија.

Таа ги предупреди руските власти дека одговорните за воени злосторства ќе мора да одат на суд.

„Сите видовме вознемирувачки слики од Буча. Тоа е она што се случува кога војниците на Путин окупираат украинска територија и тоа го нарекуваат ослободување. Јас тоа го нарекувам воено злосторство и руските власти ќе мора да одговараат за тоа“, рече Фон дер Лајен.

Мишел ги повика руските војници да го фрлат оружјето доколку не сакаат да бидат злосторници.

„Имам порака до руските војници на фронтот: ако не сакате да учествувате во убивањето на вашите украински браќа и сестри, ако не сакате да бидете злосторници, фрлете го оружјето, престанете да се борите. Ќе мора да има сериозни последици за одговорните за ужасните злосторства“, рече Мишел. „Путин не може и нема да победи во оваа војна“, рече Мишел.

Мишел рече дека на последниот самит на ЕУ како гости биле американскиот претседател Џо Бајден и украинскиот Володимир Зеленски, истакнувајќи дека „трансатлантската поддршка за Украина е цврста како камен“.

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел истакна дека ЕУ мора да продолжи да ја вооружува Украина доколку сака праведен крај на војната.

„Не сакаме војната да заврши со поделена Украина, со милиони бегалци и раселени лица и затоа мора да продолжиме да ја вооружуваме Украина“, рече Борел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ