понеделник, 8 декември 2025

Шефот на дипломатијата на ЕУ: Нема да преговараме со Русија под притисок

Објавено на

часот

Сподели

„Добивме гаранции дека за ништо нема да се одлучува и преговара без Европејците и совршена координација со Американците“, кажа високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност во Брест, градот на крајниот северозапад на Франција, која во моментов претседава со Европската Унија.

Во Брест се одржува неформален состанок на европските министри за одбрана на Европската Унија, а голем дел од таа средба ќе биде на тема кризата околу Украина. Западните земји се загрижени околу групирањето голем број руски војници на границата, додека Русија тврди дека само реагира на агресивното однесување на НАТО и Киев.

Борел кажа дека на средбата на министрите за одбрана нема да се носат одлуки бидејќи тоа е неформална средба, но дека на неа ќе се разменат политички ставови.

„Ќе разговараме за ставот на Европската Унија и ќе одлучиме како ќе се соочиме со оваа криза“, кажа Борел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ