среда, 1 април 2026

Шефот на ЦИА: Путин е очаен

Објавено на

часот

Сподели

Брнс ги осуди „ужасните злосторства“ кои се извршени во Украина, додавајќи дека војната влегува во уште покрвава фаза, како што одминува времето. „Последното поглавје од војната на Путин допрва треба да биде напишано“, кажа тој, додавајќи дека нема сомнеж дека руската војска ќе продолжи со суровоста во Украина.

Шефот на ЦИА ова го кажа во говор пред студентите на Џорџија институтот за технологија, осврнувајќи се на едната година од својот мандат. Тој ја спомна и Кина, која ја нарече „тивкиот партнер на руската агресија“, што сè заедно со останатите светски предизвици како климатските промени, го прави најголемиот предизвик за Соединетите Американски држави бидејќи светот се наоѓа во „нова ера“.

„ЦИА ќе мора да размисли како да се реорганизира за успешно да ги совлада сите предизвици“, истакна тој.

Потоа се присети на разговорот кој го имал со рускиот претседател, во ноември, кога американскиот претседател Џо Бајден го испрати во Москва за да го предупреди Кремљ што го чека ако ја нападне Украина. „Иако тогаш немаше негова недвосмислена порака дека ќе почне војна во Украина, дефинитивно одеше во таа насока“, кажа Брнс.

Директорот на ЦИА тврди дека Путин бил убеден дека Украина брзо ќе се предаде, а дека тој ќе постигне брза победа со минимален ризик, па со самото тоа и дека траењето на санкциите нема долгорочно да му наштети.

„Но, кога почна војната пред седум недели, Путин беше демантиран, во секоја смисла“, смета Брнс.

Оцени дека Путин станува сè поочаен поради тоа, и дека тоа е причината зошто не ја исклучува можноста рускиот претседател да употреби тактичко или нуклеарно оружје од помал дострел. Таа закана сега не може лесно да се отфрли, порача шефот на ЦИА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ