понеделник, 30 март 2026

Шефот на американската дипломатија: НАТО разгледува понатамошно ширење на воените сили во Источна Европа (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа го правиме со распоредување дополнителни сили, вклучувајќи американски, во Литванија, испраќање борбени авиони и друга важна опрема во балтичките држави“, кажа Блинкен на конференција за новинарите во главниот град на Литванија Вилнус.

Блинкен на конференцијата за медиуми зборуваше заедно со литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис.

„Истовремено во НАТО континуирано ја преиспитуваме својата одбранбена позиција и го разгледуваме прашањето за разместување сили и трајно позиционирање. Сето тоа е под редовна ревизија и за тоа дискутираме со нашите сојузници во НАТО“, кажа Блинкен.

Повтори дека САД и сојузниците многу сериозно го сфаќаат Членот 5 на Вашингтонскиот договор во кој се наведува дека напад на една членка е напад на сите членки.

„Ако каде било на територијата на НАТО дојде до агресија, ние и нашите сојузници ќе ги преземеме сите мерки за да го одбраниме секој сантиметар од територијата на НАТО“, порача Блинкен.

[video:https://youtu.be/5mxLukgrRCU autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ