„Ова е голема и сериозна работа и сметаме дека може да потрае една година до приклучувањето. Овој заклучок е најдобар за Шведска. Апликацијата ќе биде поднесена заедно со Финска, а потоа ќе биде обработена од НАТО“, рече Линде.
Шведската премиерка Магдалена Андерсон вчера рече дека земјата треба да му се приклучи на НАТО заедно со соседна Финска за да ја осигури безбедноста на шведскиот народ.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека влезот на двете нордиски земји во НАТО нема да претставува закана за Русија, но дека воената експанзија на територијата ќе предизвика нивен одговор.






