недела, 21 декември 2025

Северна Кореја за прв пат од почетокот на пандемијата потврди присуство на ковид

Објавено на

часот

Сподели

„Дојде до најголемата вонредна ситуација во земјата поради појава на пукнатина во нашиот карантински фронт, кој успешно го штитевме во изминатите две години и три месеци“, објавија државните медиуми.

Во извештајот се наведува дека луѓе во Пјонгјанг се заразиле со варијантата омикрон, без да се наведат детали за бројот на случаи или можни извори на инфекција.

Северна Кореја тврди дека не регистрирала ниту еден случај на ковид-19 откако ги затвори своите граници на почетокот на пандемијата пред повеќе од две години.

Истовремено со оваа објава, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун претседавал со состанокот на владејачката Работничка партија на кој се разговарало за одговорите на првата појава на епидемијата на коронавирус во земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ