понеделник, 15 декември 2025

Северна Кореја: Вашингтон мора да го прифати фактот дека реалноста се променила

Северна Кореја денес изјави дека желбата на Соединетите Американски Држави за дијалог со неа ќе остане само „надеж“ сè додека Вашингтон не може да го прифати фактот дека реалноста се променила од самитот на двете земји во минатото, објави државната новинска агенција (КЦНА).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ким Јо-Џонг, моќната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, за која се верува дека зборува во името на својот брат, изјави дека признава дека личниот однос меѓу Ким и американскиот претседател Доналд Трамп „не е лош“.

Но, ако Вашингтон има намера да го искористи личниот однос како начин за ставање крај на програмата за нуклеарно оружје на Северна Кореја, напорот би бил само предмет на „исмејување“, рече Ким Јо-Џонг во изјава објавена од КЦНА.

Американскиот претседател Доналд Трамп останува отворен за соработка со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за целосно запирање на нуклеарната програма на Северна Кореја, изјави вчера функционер на Белата куќа, откако Северна Кореја соопшти дека го отфрла секој обид да се оспори нејзиниот статус како нуклеарна држава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ