вторник, 31 март 2026

Северна Кореја тестираше сателит за извидување

Објавено на

часот

Сподели

Севернокорејските државни медиуми објавија за тестот во понеделникот, еден ден откако јужнокорејската војска соопшти дека детектирала лансирање балистичка ракета.

Јужнокорејската новинска агенција Јонхап соопшти дека проектил бил испукан на начин што укажува дека можеби станува збор за балистичка ракета со среден дострел.

Сепак, официјалната севернокорејска новинска агенција КЦНА соопшти дека владините агенции во неделата извршиле тест „од големо значење за развојот на сателити за извидување“.

КЦНА наведе дека тестот овозможил „потврда на карактеристиките и оперативната точност на системот за фотографирање со висока резолуција, системот за пренос на податоци и уредот за контрола на позицијата“.

Некои аналитичари тврдат дека развојот на извидувачкиот сателит за Северна Кореја е покритие за тестирање на забранетите интерконтинентални балистички ракети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ