недела, 29 март 2026

Северна Кореја: САД се вистинската причина за украинската криза

Објавено на

часот

Сподели

Вашингтон води политика на „воена надмоќ занемарувајќи го легитимното барање на Русија за својата безбедност“, се истакнува во пораката објавена на интернет страницата  на севернокорејското министерство за надворешни работи, а ја потпишал Ри Ји Сонг од Истражувачкиот институт за меѓународна политика.

„Вистинската причина на украинската криза е во авторитарноста и во самоволието на САД“, се додава во пораката.

Ри му префрла на Вашингтон дека има „други мерила“ кон остатокот на светот. Ги обвинува САД дека се мешаат во внатрешните работи на други земји во име на „мирот и стабилноста“, а „без валидна причина ги осудува мерките на самоодбрана на (тие) земји за да ја гарантираат сопствената безбедност“.

„Помина времето кога САД владееја како господар“, се наведува во пораката.

Пораката објавена на интернет страницата на севернокорејското министерство за надворешни работи е „тивка“ официјална реакција на Пјонгјанг, објавена по лично име, оценува Парк Вон Гон, професор по севернокорејски студии на универзитетот Евхи во Сеул.

„Заклучокот е: за сè се виновни САД“, кажа тој за Франс прес.

Русија со Кина е една од ретките сојузнички на северна Кореја. Москва долго се противеше на притисокот на Пјонгјанг поради неговата воена програма и дури бараше попуштање на меѓународните санкции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ