понеделник, 8 декември 2025

Северна Кореја истрела нов проектил

Објавено на

часот

Сподели

Јужнокорејскиот заеднички стожер соопшти дека Северна Кореја лансирала неидентификуван проектил, без да објасни детали. Јапонската крајбрежна стража исто така соопшти дека Северна Кореја истрелала нешто што би можело да биде балистички проектил.

Северна Кореја ги брани своите ракетни експерименти како легитимно право на самоодбрана и вели дека САД намерно предизвикале ескалација на ситуацијата со воведување нови санкции, објавија државните медиуми претходно во петокот, цитирајќи го Министерството за надворешни работи.

Неодамнешниот развој на „нов тип оружје“ на Северна Кореја е само дел од нејзините напори за модернизација на одбранбените капацитети и не е насочен кон ниту една земја или безбедноста на соседните земји, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи, во соопштението пренесено од државната новинска агенција КЦНА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ