сабота, 14 март 2026

Започнаа воените вежби на САД и Јужна Кореја, Северна Кореја испали 10 ракети во морето

Северна Кореја денес испали повеќе од 10 балистички ракети во морето, соопшти јужнокорејската војска, додека американските и јужнокорејските сили спроведуваат заеднички воени вежби, а американскиот претседател Доналд Трамп ги обнови понудите за дијалог со Пјонгјанг.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Јапонската крајбрежна стража соопшти дека открила активност што изгледа како лансирање балистичка ракета во морето. Се чини дека паднала надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, објави јапонскиот јавен медиумски сервис НХК, повикувајќи се на војската.

Ракетите беа лансирани од област во близина на главниот град Пјонгјанг, во морето покрај источниот брег на земјата, соопштија Здружниот штаб на Јужна Кореја. Северна Кореја тестира широк спектар на балистички и крстосувачки ракети повеќе од две децении во обид да развие начин за лансирање на нуклеарно оружје, за кое се верува дека успешно го изградила.

Како одговор на овие акции, Пјонгјанг е под повеќекратни санкции од Советот за безбедност на ОН од 2006 година, кои ги игнорира и покрај сериозните пречки што ги создадоа за неговата трговија, економија и одбрана.

Јужна Кореја и Вашингтон оваа недела започнаа големи годишни вежби во Јужна Кореја, за кои велат дека се чисто одбранбени, бидејќи имаат за цел да ја тестираат подготвеноста против воените закани од Северна Кореја.

Стотици американски и јужнокорејски војници денес извршија вежби за преминување на река со опрема, вклучувајќи тенкови и оклопни борбени возила, под надзор на командантите на нивните здружни сили. Американската војска има околу 28.500 војници и ескадрила борбени авиони стационирани во Јужна Кореја.

Северна Кореја често беснее поради ваквите вежби, тврдејќи дека тоа е „генерална проба“ за вооружена агресија од страна на сојузниците против неа.

Во четврток, јужнокорејскиот премиер Ким Мин Сеок се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон за да разговараат за начините за повторно отворање на дијалогот со Северна Кореја. Трамп едвај чека да ја искористи секоја можност да седне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, изјави јужнокорејскиот премиер Ким пред новинарите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ