„Она што САД го сакаат е да ги изолираат независните земји и силите кои се борат на меѓународната сцена за да го задржат својот незаконски и нехуман хегемонистички поредок“, се вели во соопштението на владата објавено од државната новинска агенција КЦНА.
Во соопштението се вели дека меѓународните организации не треба да се „злоупотребуваат“ како средство со кое САД вршат политички притисок врз земјите.






