петок, 26 декември 2025

Сеул: Северна Кореја веројатно тестирала проектил лансиран од подморница

Објавено на

часот

Сподели

Најверојатно станува збор за балистичка ракета со краток дострел лансирана од подморница. Јужнокорејската војска е спремна за можни понатамошни лансирања на проектили од соседната земја, се наведува во соопштението.

Северна Кореја продолжува со развојот на своите балистички проектили. Вообичаено станува збор за проектили земја-земја кои, зависно од дизајнот, можат да носат една или повеќе нуклеарни боеви глави. Модерните проектили со краток дострел се дел од развојот на тоа оружје.

Резолуциите на ОН му забрануваат на Пјонгјанг тестирање балистички проектили.

Северна Кореја веќе некое време тврди дека има технологија на балистички проектили со краток дострел, но нејзините тврдења за претходни тестови од поморница се спорни. Се сомнева дека Северна Кореја за таа цел можеби користела подводна платформа. На непријателот му е потешко да ги открие проектилите испукани од подморница.

Пјонгјанг годинава веќе спроведе десетина контроверзни тестирања на проектили, вклучувајќи барем едно тестирање на интерконтинентална балистичка ракета. Неодамна Северна Кореја лансираше балистички проектил кон Јужна Кореја и Јапонија. Остана нејасно за каков вид на проектил станува збор. Не е исклучено дека продолжуваат тестирањата на интерконтинентални проектили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ