Сенаторот Шумер, демократ од Њујорк, изјави дека Сенатот ќе ја разгледува резолуцијата за воени овластувања следната недела, откако сенаторите ќе се вратат од двонеделната пауза, пренесе американскиот весник Њујорк тајмс.
Целта е да се ограничи можноста на Трамп да продолжи со воените операции во Иран.
Зборувајќи на конференција за новинари во Њујорк, Шумер ја нарече војната во Иран „една од најлошите воени и надворешнополитички акции што САД некогаш ги презеле“.
Ова е четврти пат од почетокот на конфликтот пред повеќе од еден месец демократите да го принудат Сенатот да го испита обемот на воените овластувања на републиканскиот претседател Трамп.






