„Нема повеќе надеж за нас Русите под ваше водство… седнете на преговарачка маса. Оставете нѐ да живееме во мир! Или одете сами на бојното поле и умрете таму“, му порачаа на Путин. „Нема да запрете се додека не ги убиете сите млади луѓе? Добро ќе се забавувате на пречекот на Новата година со своите најблиски и чаша шампањ? Но, не и нашите момчиња“, додаваат тие.
Институтот за проучување на војната (ИСВ) забележа дека јавните осуди на војната од роднините на мобилизираниот персонал веројатно го загрижуваат Кремљ, бидејќи таквите протести може негативно да влијаат на претседателската кампања на Путин во 2024 година.
„Претседателската кампања на Путин, наводно, нема да се фокусира на војната во Украина, а Кремљ веројатно ги гледа роднините на мобилизираниот персонал како социјална група која може да претставува една од најголемите закани за неговата кампања“, пишува ИСВ.
Групата објави и видео на кое наводно се гледа руски војник во Украина. Војникот наводно го критикува Путин бидејќи не им дозволил допуст на војниците.
„Нема надеж, нема знаци дека нашите мобилизирани момчиња ќе се вратат дома во догледно време“, наводно вели војникот.