недела, 29 март 2026

Се водат борби околу владината зграда во Киев, вели АП (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Според Би-би-си, ова е во киевската област Оболон.

Асошиејтед прес јави дека се слушаат пукотници околу владината зграда во украинската престолнина.

Дописникот на Би-би-си од Киев објави снимка од украинската воена полиција со полна воена опрева како се движи низ Киев.

Украинските власти ги повикaa луѓето да не објавуваат снимки и да ги прекинат сите преноси во живо. Ова, велат тие, ќе им оневозможи на Русите да добијат информации.

„Не му помагајте на непријателот да добива информации за нашата армија“, соопшти украинската армија.

Украинските власти рекоа дека Русија го користи аеродромот Голем во Белорусија за нападите врз Киев.

Ројтерс јавува, повикувајќи се на сведоци, дека силни експлозии се слушнале во близина на Харков во источна Украина.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ